Германскиот фудбалски четвртолигаш ВФБ Либек минатиот четврток објави дека е на работ на банкрот и дека во следните 48 часа мора да собере 1 милион евра за да се спаси. Во тој тежок момент апелираа за помош, а навивачите покажаа дека се подготвени да го спасат својот клуб и ја собраа потребната сума.
Клубот од северниот дел на Германија објави дека над 4.000 луѓе донирале пари и успеале да ги соберат потребните еден милион евра од навивачите и спонзорите.
„Сензационално, извонредно, уникатно, историско: иако е тешко да се каже со зборови она што го доживеавме, го собравме потребниот износ, готово е, ВфБ Либек е жив! Можеме само да кажеме: благодарам, благодарам и повторно благодарам за вашата лојалност, поддршка, охрабрување, љубов кон клубот и дарежливост!“, се пофалија од Либек и избегнаа банкрот.