Барселона вечерва на „Камп Ноу“ го пречекува Ливерпул, во првиот меч од полуфиналето, кое го доби епитетот на „финале пред финале“. Овие два клуба кои имаат по пет европски титули се фаворити за трофејот, во однос на Ајакс и Тотенхем.
Ливерпул игра на гости, но ќе има поддршка од своите навивачи. Голем број на фанови на Ливерпул веќе два-три дена се во Барселона и го очекуваат дуелот. Дека знаат да претераат англиските фанови досега покажале многу пати, а вчера имаа уште една ваква епизода.
Собрани покрај една фонтана во Барселона, еден навивач на Ливерпул „ловеше“ невнимателни туристи, кои ги фрлаше во фонтаната. Овој негов потег наидуваше на одобрување кај останатите навивачи, иако во еден од случаите се работеше за постар турист, кој целиот заврши во фонтаната.
https://twitter.com/foromdm0/status/1123349388414341122
Here’s the “Liverpool fan” who tripped a Barcelona local into the fountain.
Vile behaviour and not what the club is about at all.
Think @LFC should attempt to take this further, he doesn’t represent our fan base.
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) April 30, 2019