Навивачи на Наполи ја окупираа клиниката во која Де Бројне правеше преглед

Кевин Де Бројне во клиниката „Вила Стјуарт“ во Рим ги мина лекарските прегледи како последен чекор пред ставањето потпис на договорот со Наполи.

Голен број навивачи на Наполи се собраа пред клиниката и го фотографираа белгискиот фудбалер кој доаѓа од Манчестер сити. По прегледите, Де Бројне замина во куќата на претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Таму ќе ручаат, по што треба да се потпише договорот.

Кевин не даде изјава, но тоа го стори неговиот татко Хервиг.

„Главна причина зошто го избра Наполи е спортскиот аспект, италијанското првенство е силно, Кевин уште сака да се натпреварува на високо ниво, тоа му е важно. Тренерот Конте исто така беше важен фактор во неговиот избор“, изјави таткото на Де Бројне.

- Оглас -

Најнови вести