Навивачи на Наполи кои веќе пристигнале во Глазгов, ќе ја тужат УЕФА

Навивачи на Наполи пристигнале во Глазгов, каде Елиф Елмас и другарите ќе треба да играат меч од Лигата на шампионите против Ренџерс, но таму ги дочека една непријатна вест.

УЕФА го смени терминот на одиигрување на натпреварот, па наместо во вторник, ќе се игра в среда, и тоа со затворен сектор на трибините наменет за гостински навивачи.

Со тоа, им беше направен голем проблем на наполитанските тифози кои нема да може да го гледаат мечот, ќе треба да платат едно спиење повеќе, а ќе треба да се снајдат и за авионски летови во други термини.

Затоа, некои од нив најавуваат тужби кон УЕФА, и ќе бараат да им биде надоместена штетата. Тие сметаат дека УЕФА не смее да смени датум на меч на само два дена пред оригинално закажаниот термин.

- Оглас -

Најнови вести