7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Навивачи на Рајо Ваљекано по грешка завршија на Фарските Острови иако нивната екипа играше во Унгарија

Рајо Ваљекано се врати во фудбалска Европа по пауза од 24 години и тоа со победа откако синоќа славеше над Неман Гродно со 0-1 на гостински терен во Унгарија. Сепак, тројца навивачи на клубот по грешка завршија на Фарските Острови.

Белорускиот Неман во претходното коло играше против КИ Клаксвик од Фарските Острови и го загуби првиот меч со 2-0, па навивачите на Рајо Ваљекано сметале дека екипата на КИ ќе мине во следната рунда и си го организирале целото патување.

Тројцата навивачи потрошиле 4.700 евра за ова патување, од кои дури 2.700 евра само за авиобилети. Сепак, Неман на реваншот победи со 2-0, а потоа на пенали мина во следната рунда, а навивачите сепак одлучија да ги посетат Фарските Острови иако нивната екипа играше во Унгарија, односно во градот Дебрецин.

- Оглас -

Најнови вести