Аргентинецот Пауло Дибала можеби е и најпопуларниот фудбалер на светот во моментов откако синоќа шокантно реши да ја одбие понудата од 75 милиони евра и тоа без бонуси и премии, за три сезони, која ја имаше од саудискиот клуб Ал-Кадсија и остана во Рома, каде што ќе заработува 11 милиони бруто.
Дибала вчера се поздрави со тренерот и соиграчите, синоќа со приватен лет требаше да замине во Саудиска Арабија, но нешто го премисли и тој останува во Рома.
За многумина ова е победа на фудбалот над парите, честитки за Дибала има од сите страни, а фановите на Рома сакаа и лично да му се заблагодарат, па синоќа околу полноќ се собраа пред неговата куќа за да го поздрават.
Дибала излезе на терасата со сопругата и ги поздравија фановите.
Roma fans went to Dybala’s house to thank him for staying 😭😭😭
— 𝗘𝗻𝘇𝗼 💛❤️ (@pure_romanista) August 22, 2024