На натпреварот од плејофот во англиската Лига 1 помеѓу Питерборо и Шефилд вензди, на трибините имаше спротивставени навивачи кои поради галамата не можеа да се разберат, па смислија оригинален начин како да се слушнат и да си кажат што имаат.
Едниот навивач со прстите на рацете му го диктираше телефонскиот број на противничкиот фан, па овој му се јави на мобилниот и почнаа разговор кој заврши со непристојно гестикулирање еден кон друг.
https://twitter.com/i/status/1659507468206997506