Навивачи на Стандард во сред Брага нападнаа симпатизери на Волците (видео)

Група на симпатизери на премиерлигашот Вулверхемптон кои допатуваа во Брага да го проследат мечот од Лигата на Европа, биле нападнати од страна на хулигани на Стандард Лиеж. Од Англија допатувале околу 6.000 навивачи, но во Брага се наоѓаат и тврдокорните фанови на белгискиот тим кој во ист ден се соочува со Гимараеш.

Како што пренесуваат одредени англиски медиуми, најмалку еден навивач на Вулверхемптон е примен во болница поради здобиени повреди. На социјалните мрежи се појави видео во кое може да се види клинчот на белгиските навивачи со португалската полиција.

https://twitter.com/wolvesmatchworn/status/1199750296387362816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1199750296387362816&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FEvropa%2FEuropa-League%2Fa315911-Navijaci-Standarda-napali-pristalice-Vulverhemptona.html

- Оглас -

Најнови вести