Навивачи на Црвена Ѕвезда беа нападнати во салата во Каунас, полиција ги обезбедуваше до аеродром (Видео)

Мечот меѓу Жалгирис и Црвена Ѕвезда се уште е во фокусот по потегот на гостинските кошаркари, кои одбија да ја истакнат паролата „Стоп за војната во Украина“ на почетокот на мечот.

Ревијалниот дуел на две екипи кои немаат шанси за плејофот во Евролигата беше тензичен, а објавен е и видематеријал на кој се гледа дека домашните навивачи физички нападнаа неколку симпатизери на Црвена Ѕвезда во „Жалгирио арена“ во Каунас.

Гостинските навивачи избегнаа линч, благодарение на обезбедувањето и полицијата во салата, а потоа прифатија и да си заминат.

Полицијата ги обезбедуваше на пат кон аеродромот во Каунас е објавено во официјалното соопштение по инцидентот.

Жалгирис во тензичен меч ја победи Црвена Ѕвезда со 103:98 по едно продолжение, откако во регуларниот дел беше нерешено 88:88.

 

- Оглас -

Најнови вести