16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Навивачи на Валенсија уапсени во Сингапур затоа што протестирале против сопственикот на клубот

Навивачи на Валенсија се уапсени во Сингапур само поради тоа што протестирале против сопственикот на клубот, Петер Лим. Се работи за брачен пар кој бил на свадбено патување, а уапсени се бидејќи залепиле налепници на кои пишувало „Лим, оди си“.

Тие биле задржани на аеродромот во Сингапур кога сакале да се вратат дома, одземени им се пасошите, а веднаш реагираше и градоначалникот на Валенсија, кој побара од амбасадорот на Шпанија во Сингапур да реагира и да ги издејствува ослободување на брачниот пар.

Навивачите на Валенсија веќе со години протестираат против сопственикот на клубот, пред сè поради лошите резултати, но и големата криза во која се најдоа откако дојде Лим на чело на клубот.

- Оглас -

Најнови вести