Навивачи сексуално вознемируваа новинарка, таа сега е уште поуверена дека сака да се врати на стадионите (Видео)

Италијанската полиција покрена истрага по снимката на која се гледа како новинарката Грета Бакаља е сексуално вознемирувања од навивачи по завршувањето на дуелот меѓу Емполи и Фиорентина.

Новинарката се вклучи во живо на „ТВ Тоскана“ и воопшто не очекуваше дека додека дава извештај, зад грб ќе се појават навивачи кои сексуално ќе ја вознемират. На снимката се гледа еден навивач како ја зграби Грета за задникот. Таа остана збунета, но продолжи со извештајот, а потоа уште неколку навивачи дофрлуваа вулгарни работи.

https://twitter.com/i/status/1464942153432457216

„Многу сум разочарана поради тоа што ми се случи. Едвај заспав, но можам да кажам дека сега имам уште поголема желба да бидам новинарка и да се вратам повторно на стадион. Дури и камерманот кој беше со мене ми потврди дека за 40 години кариера нема видено нешто слично“, рече Грета по немилиот настан.

Полицијата веднаш го пронајде напаѓачот, а сега останува новинарката да одлучи дали ќе сака да го тужи напаѓачот за секусуално вознемирување.

- Оглас -

Најнови вести