23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Навивачи скокаа од трибините, момче брутално претепано со стапови (Видео)

Неофицијално, најмалку тројца загинати има во нередите кои се случија за време на реванш-мечот од осминафиналето во Копа Судамерикана меѓу Индепедиенте де Авеланеда и Универзидад де Чиле, кој не го дочек својот крај.

На почетокот од второто полувреме гостинските навивачи беа тие кои започнаа да дивеат, да рушат сѐ пред себе, а немаа милост и кон децата. На една од снимките која се појави се гледа како двајца хулигани со големи стапови немолосрдно тепаат едно дете, кое на крајот паѓа на земја откако беше удрено директно во главата.

Според информаците од социјалните мрежи, има најмалку тројца загинати.

Во целиот тој хаос, голем број од навивачите, во обид да избегаат, скокаат од трибината.

Повеќе од 650 полицајци и 150 членови од обезбедувањето реагирале за да се смири ситуацијата. На крајот, има преку 100 уапсени, а 10-тина се тешко повредени. 

 

- Оглас -

Најнови вести