Навивачите бараат да не се игра против Македонци, но после Берое, и ЦСКА Софија објасни зошто ќе игра!

Пријателскиот меч помеѓу ЦСКА Софија и Македонија Ѓорче Петров, закажан за утре, ќе се игра како што беше планирано, и нема да има откажување на контролата, како што бараат најголем дел од навивачите на Червените.

Затегнатите политички односи помеѓу Македонија и Бугарија после инцидентот во Охрид, ги „запалија“ националистите кај нашиот источен сосед, но раководствата на фудбалските клубови се со ладни глави и сепак спортот го ставаат пред политиката.

Вчера Лавовите од Ѓорче играа со Берое, а и фановите на овој клуб од Стара Загора бараа да не се игра. Објаснувањето на Берое беше дека ако го откажат мечот, тоа би имало финансиски и други негативни последици по клубот.

Од ЦСКА порачаа дека утре на терен во турски Белек тие и македонскиот тим ќе излезат со маици на кои ќе пишува „НЕ на насилството“.

„Веруваме дека улогата на фудбалот е да дава пример, а светот повеќе од било кога има потреба од добри човечки односи и почит, а не од разделби. ЦСКА секогаш бил симбол на овие принципи. Како еден од најуспешните клубови на Балканот, должни сме да бидеме одговорни и рационални. Затоа предложивме до Македонија ЃП двата тима да излезат на терен со маици со пораката НЕ НА НАСИЛСТВОТО!. Кога дијалогот е на маса, фудбалот може да изгради мостови побрзо од било која дипломатија“ – велат од ЦСКА.

- Оглас -

Најнови вести