5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Навивачите бараат Фиорентина да го отпушти Стефано Пиоли

Фиорентина сезонава игра во катастрофална форма во Серија А и по девет кола се наоѓа на претпоследното место со само четири поени. Навивачите од Фиренца бараат Стефано Пиоли да биде отпуштен.

Во последните денови Фиорентина ги разочара своите навивачи со убедлив пораз од Интер (3-0) како гостин, па сè уште е еден од четирите клуба кои не знаат за победа оваа сезона. Тимот е во низа од два порази, а шанса за подобрување ќе има в недела, кога на домашен терен ќе го пречека тимот на Лече, кој исто така не блеска и има само два поени повеќе од Фиорентина.

Јасно е дека клубот е во сериозна резултатска криза, а навивачите веќе го изгубија трпението. Фановите бараат управата веднаш да реагира и да му врачи отказ на тренерот, сметајќи дека е време со промена на стратегот да се обидат да го разбудат тимот.

Сепак, Пиоли најверојатно ќе има уште една шанса, да победи викендов против Лече.

- Оглас -

Најнови вести