Чиста навивачка емоција: По 42 години нивниот клуб првпат ќе игра европско финале (Видео)

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт се посебна приказна оваа сезона во европските натпреварувања. Клубот кој успеа да ја елиминира Барселона на „Камп ноу“ со 3:2 пред речиси 35.000 гостински навивачи, обезбеди место во финалето на Лигата на Европа.

Ајнтрахт синоќа на својот стадионот со 1:0 го победи Вест хем и на 18 мај во Севилја ќе игра во финалето на второто по ранг натпреварување во УЕФА. Навивачите на Ајнтрахт едноставно „експлодираа“ по последниот свиреж на судијата и втрчаа на теренот за да прослават со своите херои.

Ајнтрахт последен пат играше во финале во 1980 година, и тоа во тогашниот Куп на УЕФА, кога во двомечот во финалето беа подобри од Борусија Менхенгладбах. Пред три сезони, Ајнтрахт играше во полуфиналето од Лигата на Европа, но на пенали беше елиминиран од Челзи, кој потоа и го освои трофејот.

- Оглас -

Најнови вести