Првото полувреме од големото ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер помина во знакот на навивачката војна меѓу навивачите на двата тима, Комитите и Чкембарите, како и на слабата реакција на полицијата.
Со самото влегување на трибините во СЦ Јане Сандански, кон средина на првиот дел, гостинските навивали веднаш почнаа да фрлаат факели и петарди, на што не останаа должни Комитите.
На теренот летаа факели, топовски удари и шишиња, поради што играчите играчите на двата и судиите се повлекоа од теренот.
Навивачката војна меѓу Комитите и Чкембарите може да ја погледнете ТУКА.
Натпреварот беше во прекин 20-тина минути поради навивачката војна, а откако се смирија тензиите, натпреварот продолжи на полувреме се замина со 13:10 за Црвено-црните.