Навивачите и разумот победија – Македонија ќе игра на ЕП со своите дресови (Фото)

Македонија ќе игра на Европското првенство со своите оригинални дресови во црвено-жолта комбинација, барем според најавата што доаѓа од ФФМ.

Претседателот на македонската фудбалска федерација, Муамед Сејдини објави фотографија со македонскиот дрес што без исклучок го посакуваа и сите репрезентативци и навивачи во Македонија.

Пораката на Сејдини е: Одиме на Европско, напред Македонија“, а на фотографијата е дресот во „црвено-жолта“ комбинација.

Ова доаѓа по огромниот притисок на навивачите кои организираа и петиција за враќање на стариот дрес, а не им се бендисаа трите нови гарнитури на дресови со кои Македонија требаше да настапи на шампионатот.

Клучен момент беше и реакцијата на капитенот Горан Пандев, кој објави фотографија на Инстраграм со дресот што за него е единствена опција за настап на ЕП, со што ја поддржа иницијативата на фудбалските симпатизери.

Во Букурешт ќе играме со Австрија на 13. јуни, потоа на истото место не чека меч со Украина на 17. јуни, а последниот меч во фазата по групи ќе го играме на 21. јуни во Амстердам со Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести