Со новиот договор за ТВ-правата во Бундеслигата, причини за задоволство ќе имаат и клубовите, но и нивните навивачи, а одлучено е да нема повеќе натпревари во понеделник.
Одлуката е веќе донесена и така ќе биде најмалку до 2025 година, а новитет во германското првенство ќе биде терминот во сабота, од 20.30 часот.
Против натпревари во понеделник масовно протестираа симаптизерите речиси на сите бундеслигаши, а истакнуваа и транспаренти на стадионите за време на дуелите во првиот ден од неделата.
Од идното лето ќе се игра во новиот термин, во сабота навечер од 20.30, што ќе биде и замена за дуелите што како последни во секое коло се играа во понеделник.