Навивачите на Еспањол ја прекинаа прославата на фудбалерите на Барселона, но таа продолжи во соблекувалната, а таму беше лудо. Кон прославата на фудбалерите на Барселона се приклучи и претседателот на клубот, Жоан Лапорта, кој е еден од најзаслужните за новите успеси на Каталонците.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1657864955217969154?s=20
За Лапорта ова е втор мандат на чело на Барселона, откако претходно го предводеше клубот од 2003 до 2010 година, период во кој Каталонците освоија три шпански првенства и два трофеи од Лигата на шампионите.
Тој се врати во клубот во 2021 година и ја спаси Барселона од банкрот. Ова е прва шампионска титула за Барселона во новиот милениум без Лео Меси.

