Навивачите ќе останат разочарани: Ибрахимовиќ нема да игра против Србија!

Репрезентациите на Шведска и Србија попладнево ќе одиграат пријателски натпревар во пресрет на Европското првенство во Германија, а овој меч беше најавен како последен во кариерата на Златан Ибрахимовиќ.

„Френдс арената“ во Солна е распродадена комплетно, што значи на трибините ќе има околу 50.000 гледачи, но тие ќе останат разочарани, бидејќи Златан Ибрахимовиќ нема да биде дел од составот на Шведска, а ќе има само церемонија 10 минути после навршувањето на мечот.

„Не, Ибрахимовиќ нема да биде на теренот. Некаде 10 минути после натпреварот ќе има церемонија во негова чест и тоа е тоа. Нема да има изјави во микс зоната, дури ни разговор за телевизија. Претпоставувам дека ова не е тоа што сакавте да го слушнете.“ – рече претставникот на УЕФА, односно делегатот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести