Дека и на најголемите стадиони и најважните спортски настани може да се направи превид, па непосакувани гости да се појават на теренот се потврди и во финалето на Лигата на шампиони на „Вембли“.
Само што започна финалето, на теренот втрчаа дури тројца навивачи. Едниот од нив си направи селфи со Винисиус јуниор, а останатите двајца едноставно ги мачеа луѓето од обезбедувањето да ги фатат.
😡 Embarrassing start for UEFA & Wembley as series of pitch invaders go unchallenged & disrupt start to game. Delay of 2 minutes #UCLfinal pic.twitter.com/hP3etCMJRI
— Craig Hope (@CraigHope_DM) June 1, 2024
Сите тројца навивачи кои беа на теренот носеа маици на кои пишуваше „Mellstroy“ што всушност е псевдоник позади кој стои 26-годишниот белоруски блогер Андреј Бурим. Тој преку социјалните мрежи понуди по 350.000 евра на секој кој ќе втрча на теренот за време на финалето во Лигата на шампиони.
Овој блогер е познат и по тоа што нуди по 350.000 евра на секој што ќе успее да ги наговори Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд да му упати поздрав. По 600.000 евра нуди на оној кој ќе одбесе фотографија со неговиот лик на Монт Еверест или на Месечината.