Случајот со расистички испади кон Винисиус на мечот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид конечно го доби својот епилог. Тројцата навивачи кои беа идентификувани се осудени на осум месеци затвор, а добија и двегодишна забрана да посетуваат спортски настапи. Дополнително, ќе мора да ги платат и сите судски трошоци.
Ова е прва ваква казна за расизам во Шпанија и запрвпат некој ќе оди во затвор за расистички испади на фудбалски натпревар. Навивачите можеа да добијат и многу повисока казна, но олеснителна околност беше извинувањето кое го испратија до фудбалерот на Кралскиот клуб.
Во последните две години беа пријавени дури 16 расистички испади упатени кон Винисиус.