Навивачите лути на најубавата фудбалерка во сметот: „Женскиот фудбал е смешен, па видете каква игра“

Репрезентативката на Швајцарија, Алиша Леман, важи за најубавата фудбалерка на светот, а вниманието кон себе го привлече со својот изглед, но и со изјавите дека не е фер фудбалерките да заработуваат по стопати помалку од машките колеги.

Сепак, шминката и стајлингот не им се допаѓаат на сите, па социјалните мрежи се преполни со коментари на критика кон неа.

„Таа мисли само на својот изглед“, „Нула на терен, но затоа на ‘Инстаграм’ сè оди совршено“ и „Мораше да се нашминка за да изгледа добро на фотографиите за време на натпреварите“, се само дел од коментарите.

Но, и Алиша Леман не им остана должна, па преку социјалните мрежи им испрати порака.

„Ова е нешто што ме погодува бидејќи јас сум жена. Ако некој ми кажува шеги за женскиот фудбал, секогаш го прашувам: Дали го гледаше натпреварот? Веројатно не, бидејќи ако гледаше, би сфатил колку сме страствени“, вели фудбалерката на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести