Навивачите може да се смират, Аргентинецот останува во Барселона (видео)

Заминувањето на Лионел Меси по две децении од Барселона е доволно болна веста за навивачите на Барселона, кои пак дополнително се загрижија откако до нив стигнаа шпекулациите дека Серхио Агуеро побарал раскин на договорот.

Блискиот пријател на Меси наводно бил лут на управата на неговиот нов клуб бидејќи таа не успеала да го задржи нивниот најдобар фудбалер во историјата, но Агуего ги смири страстите.

„Ќе бидам тука (во Барселона) цела година, немој да се грижиш“, се обрати Агуеро кон потресениот навивач.

- Оглас -

Најнови вести