Навивачите му „дадоа“ Златна топка на Винисиус, тој се караше со „цел стадион“, а прскалките беа пуштени пред да заврши мечот (Видео+Фото)

Бразил е единствената репрезентација која учествувала на сите Светски првенства досега. Кариоките сега ги играат квалификациите за место на Мундијалот во 2026 година, а резултатите не се баш како што очекуваа.

На синоќешното гостување кај Венецуела, Бразил водеше со 1:0, но домаќините израмнија, па во второто полувреме Винисиус Јуниор имаше шанса од пенал да погоди за 2:1 за Кариоките, но неговиот удар го одбрани домашниот голман. Радоста кај домашните фанови беше огромна.

Во судиското надополнување, кога имаше да се доигра малку повеќе од една минута, на теренот во Венецуела се појавија прскалките и го прекинаа финишот на дуелот. Нервозниот Винисиус јуниор жестоко реагираше, а по тој инцидент, бразикскиот репрезентативец буквално се расправаше со домашната публика.

Brazil and Venezuela fixed to pause in final minutes as sprinklers go off
byu/SenorConstipation insoccer

Навивачите на Венецуела не пропуштија шанса да го провоцираат Винисиус, кој за малку не ја освои Златната топка. Домашните фанови на Венецуела му испратија неколку пораки на Винисиус поврзани со Златната топка, па дури решија тие да му подарат Златна топка на шеговит начин.

- Оглас -

Најнови вести