Навивачите на АЕК тешко прифаќаат пораз: Фрлаа со шишиња по ракометарите на Алкалоид (Видео)

Алкалоид со 25-29 победи на првиот финален меч од Европскиот куп против АЕК во Атина, но мечот на двапати беше прекинуван во второто полувреме. Околу 9.000 навивачи во Олимписката сала во Атина како да не можеа да се помират со резултатот кој во моментот беше активен на семафорот, 17-20 за Алкалоид, но и со четирите одбранети пенали на Галевски, па започнаа со шишиња и тврди предмети да фрлаат во теренот.

Сепак, тоа не беше доволно за официјалните лица на ЕХФ да побараат да бидат испразнети трибините или барем дел од нив, па тоа како само дополнително да ги мотивираше ракометарите на Алкалоид да издржат и да дојдат на 60 минути од европски трофеј.

- Оглас -

Најнови вести