Навивачите на АЕК знаеле дека во Атина доаѓаат фановите на Динамо, но се повлекле пред налетот на Бед Блус Бојс(Видео)

Грчките медиуми објавија нови видеоснимки од надзорни камери кои покажуваат дека немало неочекуван напад на навивачите на Динамо Загреб врз фановите на АЕК Атина.

На видеата не се гледа посериозен конкакт меѓу двете навивачки групи, но се гледа дека навивачите на АЕК се организирале во поголема група за да се соочат со Бед Блу Бојс пред нивниот стадион.

https://twitter.com/i/status/1689881080810164224

Потоа на снимката се гледа и дека навивачите на АЕК се повлекуваат пред налетот на фановите на Динамо Загреб, со што е избегната масовна физичка пресметка и само меѓусебно се гаѓаат со факли и со експлозивни направи. Видеата покажуваат дека и навивачите на АЕК биле опремени со палки, шипки и ножеви, а доказ за тоа се седуммината навивачи на Динамо кои завршија во болница поради убод од нож.

Нередите во Атина кои ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб резултираа со смрт на 29-годишниот фан на АЕК, Михалис Кацурис, а атинската полиција уапси дури 105-мина навивачи.

Полицијата веќе ја скрати листата на осомничени за убиството само на петмина навивачи, од кои еден Хрват, еден Албанец и тројца Грци кои се фанови на Панатинаикос.

 

- Оглас -

Најнови вести