20.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Навивачите на Ајакс не се согласуваат со забраната за присуство на фанови на Лацио

Приврзаниците на Ајакс не се согласуваат со одлуката на градоначалникот на Амстердам за забрана за присуство на навивачи на Лацио на арената „Јохан Кројф“ на вечерашниот меч од Лигата на Европа и несогласувањето го демонстрираа со транспарент внатре на стадионот.

„Фудбал без навивачи е ништо“, порачаа фановите на Копјаниците.

Се очекува во Амстердам да има навивачи на Лацио кои имаа купено билети и кои платија авионски карти и резервираа сместување, но на стадионот влезот ќе им биде забранет. Римскиот клуб побара од нив да не наседнуваат на можни провокации од локалците.

- Оглас -

Најнови вести