Фудбалерите на Ајакс и Феенорд денес повторно ќе истрчаат на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, овојпат пред празни трибини за да го доиграат прекинатиот натпревар од викенд-колото на холандското првенство, кој не го дочека својот крај поради дивеењето на домашните навивачи кои не беа задоволни од резултатот (0-3) и бараат оставки на раководството на клубот.
Мечот продолжува денес во 14 часот, но на социјалните мрежи се појави порака дека навивачите сепак ќе дојдат на стадион во 13 часот. Веројатно нема да им биде дозволено да влезат на стадионот, но ќе продолжат да прават притисок за промена на раководството. Отказ веќе заработи спортскиот директор на екипата, а тие објавија и список на членови на раководството кои треба да си заминат и кои ги сметаат за највиновни за катастрофалните резултати на екипата.
De eerste stap is afgelopen zondag gezet, we gaan door in onwillekeurige volgorde:
Sven Mislintat ✅
Pier Eringa ⏰
Georgette Schlick ⏰
Annette Mosman ⏰
Maurits Hendriks ⏰
Jan van Halst ⏰Tot morgen om 13.00 uur bij de Johan Cruijff Arena. #ajax #rvcout pic.twitter.com/FNuQ2LObqE
— F-SIDE (@FSideNL) September 26, 2023