Не е лесно да се гледа омилениот тим како губи на домашен терен, а тоа и да значи елиминација од натпреварувањето во кое бил шампион. Реал Мадрид синоќа делуваше немоќно против Ајакс. Кралскиот клуб прими четири гола и го заврши обидот да стигне до четвртиот трофеј во ЛШ во низа.
Поразот доаѓа во многу лош момент, бидејќи Реал само за 10 дена ја загуби целата сезона и најверојатно ќе остане без ниту еден трофеј. Што е уште полошо, Кралскиот клуб денеска прославува роденден. Точно на шести февруари 1902 година е формиран Реал, што значи дека сега слави 117 години од постоењето.
Сепак, ова ќе биде еден од најтажните родендени на клубот бидејќи Реал безмалку и нема зошто да игра до крајот на сезоната. Во една таква ситуација, навивачите на Ајакс најдоа начин како да ги „развеселат“ своите фановите на Реал и на „Сантијаго Бернабеу“ им ја испеаја светски познатата песна „Секогаш гледај на светлата страна од животот“.
Еве како изгледаше тоа синоќа на „Сантијаго Бернабеу“:
Ajax singing “Always look on the bright side of life” in the Bernabeu. pic.twitter.com/uuE2BkexjO
— Andy Mitten (@AndyMitten) March 5, 2019