Репрезентативецот на Бразил, Нејмар, синоќа за првпат се најде во составот на Ал-Хилал и го имаше своето деби со асистенција во победата од 6-1 над Ал-Ријад.
Навивачите на “кралскиот“ клуб на Саудиска Арабија му посакаа топло добедојде уште додека беше на клупата за резервни фудбалери и на трибините истакнаа транспарент со кој му честитаат за рекордот кој го постави во дресот на репрезенатцијата на Бразил, воедно беа запалени и неколку факели.
Нејмар мирно стоеше на клупата и само го гледаше шоуто на навивачите, што сигурно беше и дополнителен мотив за него со одлична игра на теренот да им возврати.
https://twitter.com/AlhilalBayt/status/1702753219556811128?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1702753219556811128%7Ctwgr%5Eba7fef73d4f7cd5a970844d3e72338139ebc9d0a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fneymar-al-hilal-navijaci%2F458636