Кристијано Роналдо денеска остана без можноста да го освои првиот трофеј во Саудиска Арабија бидејќи неговиот тим Ал-Наср загуби во полуфиналето на Суперкупот, но веќе може да се види какво е влијанието што го има врз популаризацијата на фудбалот во оваа земја.
Поразот на неговиот тим Ал-Наср од 3:1 од Ал-Итихад беше следен преку ТВ-екраните во целиот свет, а камерите посебно беа фокусирани на Португалецот, го следеа секој негов чекор, а навивачите му подготвија импресивна кореографија.
Но, свое шоу имаа и фановите на Ал-Итихад, кои во моментот кога официјалниот спикер го спомена името на Кристијано Роналдо, тие скандираа „Меси, Меси“ во обид да го испровоцираат Португалецот.
https://twitter.com/i/status/1618658883458961409