6.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Навивачите на Албасете го исмеваа Арбелоа: „Конечно победивте, дојдете повторно следната недела“ (Видео)

Албасете на четири меча по ред во втората Ла Лига немаше победа, но тогаш дојде мечот против Реал Мадрид и сензационалната победа од 3-2, па Кралевите сосема заслужено се цел на голем сеир.

Навивачите на Албасете му порачаа на Алваро Арбелоа: „Ви благодариме што дојдовте, конечно победивме. Ве молиме дојдете повторно следната недела“.

Сепак, тоа не беше крај на сеирот за привремениот тренер на Реал Мадрид. Кога Арбелоа се движеше кон клупскиот автобус на Кралевите, насобраните навивачи на Албасете му скандираа „Чаби, Чаби…“

- Оглас -

Најнови вести