Аргентинските навивачи веќе неколку дена се во еуфорија поради освојување на светската фудбалска титула во Катар. Речиси во сите градови во Аргентина уште трае славењето, а многу навивачи правеа неверојатни работи, па дел од нив дури и настрадаа повредувајќи се.
Освен оние кои „збеснаа од радост“, има и такви кои успехот од СП во Катар решија да го врежат засекогаш како дел од нивното тело, односно да направат тетоважи со мундијалски мотиви. Еден навивач го истетовирал моментот кога Емилијано Мартинес направи непристоен потег при добивањето на Златната ракавица, додека друг на себе сега го има моментот кога Меси се радуваше по победата над Холандија, кога Лео влезе во вербална расправија со селекторот на Лалињата, Луис ван Хал.
Еден навивач уште кога почнале средбите од групната фаза, едноставно бил сигурен дека Аргентина ќе биде светски првак, па започнал со тетовирање на резултатите од сите натпревари. Започнал со трите средби од групната фаза, а потоа ја доправал тетоважата со резултатите од дуелите во нокаут-фазата.