Аргентинците веруваат дека денеска е денот кога ќе заврши нивното 36-годишно чекање на светската титула во фудбал, и дека Лионел Меси конечно ќе ја круниса својата кариера со највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.
Но, „страв во коски“ им се внесе кога разбраа дека канадскиот музичар Дрејк уплатил 1 милион долари на нивна победа во финалето против Франција.
Низ спортските кругови позната е „Клетвата на Дрејк“, на многу тимови за кои навива Дрејк или уплаќа дека ќе победат, им се случуваат малери и најчесто губат.
Незадоволни се суеверните навивачи и на Наполи. Во Неапол истотака од времето на Марадона чекаат титула во Серија А, лидери се во моментов, но Дрејк носеше нивна тренерка, па останува да се види дали Елиф Елмас и другарите ќе се изборат против „проклетството“.