Навивачите на Аргентина здивнаа: Во составот е името на докажаниот голгетер

Аргентинската фудбалска репрезентација дефинитивно ќе биде еден од главните фаворити за титулата на Светското првенство во Катар. Селекторот Скалони ги одреди 26-те патници за планетарниот собир, а радосна вест е фактот дека на списокот се најде и Пауло Дибала.

Голгетерот на Рома беше повреден и беше неизвесно дали ќе биде подготвен за настап на Мундијалот. Освен Дибала, во нападот на Гаучосите е и капитенот Меси, потоа Ди Марија, Мартинез… Според имињата со коишто располага, Аргентина дефинитивно е со шанси за успех.

Првиот меч на СП во Катар, Аргентина ќе го игра против Саудиска Арабија на 22 ноември, а потоа во групната фаза ќе играат и против Мексико и Полска.

- Оглас -

Најнови вести