Александре Лаказет е најдобар фудбалер на Арсенал за оваа сезона во изборот што го направија навивачите на клубот од Лондон.
Стрелецот на 13 голови во Премиерлигата, но и на неколку многу важни погодоци во Европа Лигата освои 35 посто од гласовите и победи во конкуренција на Обамејанг и на останатите топчии.
Лаказет е втор стрелец на клубот сезонава, зад Обамејанг, но одигра солидно и се покажа и како одличен асистент. Има 8 асистенции во Премиерлигата и една во Европа Лигата, каде Арсенал е се уште во игра за пехарот.
Французинот пристигна во Арсенал во летниот преоден рок пред две години за рекорден трансфер од 53 милиони евра, колку што му беше исплатено на Лион.