28.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Навивачите на Арсенал може да здивнат: Езе ќе игра за Топчиите во ЛШ

Еберечи Езе ќе биде најновото засилување на Арсенал, но англискиот репрезентативец вечерва ќе игра за Кристал палас во плејофот за пласман во Конференциската лига, а дури утре ќе се појави на медицинските прегледи во Лондон.

Ваквата информација ги вознемири навивачите на Арсенал, а дел од нив сметаа дека Езе нема да има право да игра за Топчиите во Лигата на шампионите доколку вечерва игра за Кристал палас.

Сепак, правилата на УЕФА се јасни, па навивачите на Арсенал може да здивнат. Фудбалерите немаат право да играат за две екипи во квалификациите или за две екипи во главната фаза, па откако ќе завршат прелиминарните натпревари, фудбалерите може да сменат екипа за која ќе играат во лигашкиот дел.

Тоа значи дека Еберечи Езе ќе биде дел од екипата на Арсенал за натпреварите од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести