Навивачите на Арсенал се нервозни, му упатија смртни закани на Тони

Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони стана главниот непријател на навивачите на Арсенал, откако вчера тој го даде голот за израмнување во дербито на Лондон што заврши нерешено 1:1.

Тони им донесе огромно разочарување на Топчиите кои бијат битка за титулата во Премиер лигата и ремито против Пчелите не им легна добро, па потоа го нападнаа шпицот на Брентфорд, а има и смртни закани.

„Има цел арсенал на навреди кон нашиот играч. Насилни се, на расна основа, а има и закани со смрт на неговите профили на социјалните мрежи. Мора да реагираме и да го заштитиме нашиот играч“, објавија од Брентфорд.

Арсенал остана лидер на табелата во Премиер лигата со шест бода повеќе од Манчестер сити, но во последните две кола загуби дури четири бода, по поразот од Евертон и ремито вчера со Брентфорд.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести