Навивачите на Арсенал се посрамотија: Имаа герила-акција против конкурентот, но заборавија на најважното

Арсенал и Манчестер сити водат голема битка за титулата во англиската Премиер лига. Топчиите имаат бод предност пред конкурентот, но Граѓаните имаат меч помалку кој ќе го одиграат вечерва во 21 часот, и тоа на гостински терен во Лондон против Тотенхем.

Доколку Манчестер сити победи, ќе се искачи на врвот и на крајот ќе им биде потребна само победа против Вест хем на домашен терен за и официјално да ја одбранат титулата во Премиер лигата.

Токму затоа, во битката за титулата се вклучија и навивачите на Арсенал, кои доцна синоќа правеа галама и пукаа огномет пред хотелот на фудбалерите на Манчестер сити, но единствениот проблем беше тоа што гостите воопшто не беа во своите соби, туку останаа дома, во Манчестер, и денес ќе патуваат за Лондон директно за натпреварот. Така пропадна герила-акцијата на најверните фанови на Арсенал, кои имаа намера да го попречат својот противник, но не успеаја во тоа.

- Оглас -

Најнови вести