Навивачите на Арсенал во паника, може да ја загубат титулата и да останат без Артета

Екипата на Арсенал влезе во мини криза кога најмалку се очекува, и тоа на најдобар начин го искористи конкурентот за титулата, Манчестер сити, да се приближи на само четири бода на табелата, а има и натпревар помалку, а згора тоа главоболки на навивачите им задава менаџерот Микел Артета.

Навивачите стравуваат поради Артета бидејќи постои сериозен интерес за неговите услуги од Реал Мадрид, а сега во трката се вклучи и ПСЖ.

Светците веќе ја бараат замената за Кристоф Галтие кој ќе си замине на крајот од сезонава и спортскиот директор Луис Кампос смета дека Артета е идеално решение за клупата. Управата на ПСЖ планира налето да направи ремонт на тимот, да донесе неколку млади француски фудбалери со кои ќе се обиде да го убеди Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцевите“ и со Артета на клупата да тргне во лов по трофејот во Лигата на шампионите.

Челниците на Арсенал во меѓувреме одлучија да ги стопираат преговорите за нов договор со Шпанецот, со цел да му овозможат максимално да се фокусира на битката за титулата, но тоа сака да го искористи ПСЖ.

Микел Артета има договор со Арсенал до 2025 година и плата од девет милиони евра, а минатата сезона успеа да триумфира во ФА купот, а сезонава заедно со Сити се главни конкуренти за титулата во Премиер лигата. Клучниот натпревар кој може да го одлучи шампионот, ќе се игра на 26 април во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести