Навивачите на Баерн треба да се стрпат уште неколку денови

Садио Мане во вторник во Германија треба да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Баерн Минхен, а среда ќе биде претставувањето на Сенегалецот како нов член на најтрофејниот германски клуб.

Баварскиот гигант ги договори сите услови со Мане и со неговиот досегашен клуб Ливерпул, останува само официјализација на трансферот.

Црвените од Ливерпул за еден од своите најдобри играчи ќе добијат отштета од околу 35-40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести