20.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Навивачите на Баерн упатија порака и ги воодушевија сите љубители на фудбалот

Навивачите на Баерн Минхен кои синоќа беа на стадионот „Паркот на принцовите“ во Париз, по мечот си заминаа задоволни затоа што нивниот клуб победи со 1:0. И покрај победата, фановите на Баерн не заборавија да испратат порака во која сакаат да потенцираат дека билетите кои ги плаќаат за еден меч се многу скапи.

За средбата во Париз, фановите на Баерн мораа да платат по 70 евра за билет.

„Влезница 70 евра? Па не сме ние како Нејмар! 20 веќе е многу! Е*и се ПСЖ!“, стоеше на пораката упатена од фановите на германскиот тим.

Слична порака фановите на Баерн Минхен на трибините истакаа и на дуелот против Викторија П’лзењ, а УЕФА тогаш го казни германскиот првак со парична казна од 15.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести