Навивачите на Барселона бараа од Лапорта ја донесе фудбалската ѕвезда а тој ги праша: Кој е тој?

Навивачите на Барселона се нестрпливи за големи засилувања откако претседателот на овој клуб, Хуан Лапорта изјави дека тимот е подготвен повторно да донесе звучни фудбалери.

По поразот од Реал Мадрид во полуфиналето од Супер купот на Шпанија со 3:2, Лапорта беше пресретнат од навивачи на Барселона кои што бараа од него да го донесе Ерлинг Халанд.

На тоа, Лапорта низ смех праша „Кој е тој“ а потоа продолжи „тој е навистина фантастичен фудбалер“.

Останува да се види дали ќе се исполни оваа желба на навивачите на Барса.

- Оглас -

Најнови вести