Екипата на Барселона се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите откако вчера одигра 3:3 со Интер на „Камп ноу“.
По четири кола во групата Ц, Барселона има само четири бода и е трета на табелата, додека Интер има седум бода, но и подобар меѓусебен скор со Каталонците и поради тоа, во последните две кола му се потребни само три бода за пласман во нокаут-фазата.
Голема вина за ремито има Жарарт Пике, кој направи неколку катастрофални грешки, посебно при првиот гол на Интер, кога му „подари“ гол на Николо Барела за 1:1.
Навивачите на Барселона се гневни поради лошите игри на Пике и бараат тој да го исполни ветувањето дадено во август 2020 година, по бламот што го доживеаја Каталонците од Баерн Минхен кога загубија со 8:2 во Лигата на шампионите.
„Ако во клубот мислат дека е време за свежа крв и големи промени, јас ќе бидам првиот што сам ќе ги замени“, изјави пред две години, Жарарт Пике.
За работата да биде полоша за дефанзивецот, медиумите открија дека Пике „лажно им ги простил“ долговите на Барселона при потпишувањето на новиот договор, туку само ги пролонгирал и клубот ќе мора да му ги исплати во оваа и наредната сезона.