Навивачите на Барселона го дочекаа Дембеле со свирежи, а тој им возврати со гол, насмевка и со брутален коментар

ПСЖ синоќа успеа да ја надомести негативата од првиот четвртфинален натпревар (2:3) и со убедливи 4:1 да ја победи Барселона на „Монжуик“ и да се пласира во полуфиналето во ЛШ, а голем удел во триумфот имаше Осман Дембеле.

Французинот минатото лето пристигна во ПСЖ токму од Барселона, каде што не се изнаигра и многумина го сметаат за најголемо промашување во историјата на шпанскиот тим, а синоќа го постигна голот за израмување.

 

Тој немаше добар прием од навивачите на Барселона при излегувањето на теренот, беше дочекан со свирежи, а Дембеле им возврати со насмевка која не ја симна од лицето до самиот крај.

 

„Среќен сум во Париз и сега одиме во полуфинале. Свирежите од навивачите на Барселона? Тоа е нормално на секој фудбалски стадион“, порача Дембеле, кој на крајот беше прогласен и за играч на натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести