Навивачите на Барселона кажаа која е нивната главна желба за засилување

Барселона е во мини криза и во многу лошо време, денеска попладне ќе гостува кај Севилја, во дербито од Примера дивисион. Каталонскиот гигант има само една победа во последните пет меча во сите натпреварувања, а даде само четири погодоци. Со ваков биланс, тешко дека на „пеколното“ гостување кај Севилја, Барселона ќе може да се надева на бодови.

Поради кризата во тимот, Барселона реши да направи гласање и да ги праша навивачите, за тоа кој играч е најпотребен, да биде доведен како засилување. Во гласањето учествуваа точно 46.716 фанови, а беа понудени 20 играчи. Меѓу понудените ѕвезди беа и Гризман, Кејн, Обамејанг… Сепак навивачите на Барселона најмногу се одлучиле за Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен.

Мбапе е главната ѕвезда во францускиот фудбал, а интересно е што дури 48 отсто од гласовите на навивачите на Барселона, завршија зад името на голгетерот на „светците“. Далеку зад Мбапе, на второто место е Хари Кејн од Тотенхем, со 14 отсто од гласовите.

Навивачите на Барселона си ја покажаа својата желба за тоа кој играч им фали, па останува челниците на клубот да се обидат да најдат решение за овој трансфер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести