34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Навивачите на Барселона лути: Иста ситуација, ист судија, но за Асенсио само жолт додека Алвеш доби црвен картон (Видео)

Вилјареал и Реал Мадрид одиграа без голови, а освен многуте шанси кои ги имаа гостите, дуеот го одбележа и еден интересен момент.

Во 29 минута, Марио Асенсио стартуваше директно на ногата на еден играч на Вилјареал, а главниот судија Хесус хил Манзано му додели само жолт картон на играчот на Реал.

Оваа одлука посебно ги налути навивачите на Барселона, затоа што само една недела претхоно, истиот судија на дуелот Барселона – Атлетико Мадрид, за ист таков старт на Дани Алвеш му даде директен црвен картон, додека сега фудбалерот на Реал доби само жолт картон.

 

- Оглас -

Најнови вести