Навивачите на Барселона не можеа да веруваат што се случува на „Камп ноу“ (Видео)

Фудбалското првенство во Шпанија заврши и тоа беше знак дека може да започнат градежните работи на „Камп ноу“. Домот на Барселона ќе биде реновиран, а каталонскиот гигант следната сезона нема да може да игра на својот терен.

Најавите се дека реконструкцијата на „Камп ноу“ ќе трае до 2026 година, а стадионот ќе добие поинаков изглед и зголемен капацитет на 105.000 места. Во реконструкцијата влегува и демонтажа на еден дел од трибината зад голот од јужната страна.

https://twitter.com/i/status/1668582651777761280

Сите четири трибини на стадионот ќе бидат освежени, ќе бидат поставени нови семафори, камери, ќе се отвори нов телекомуникациски центар… За сето тоа да биде поставено, багерите почнаа со рушење на делот кој треба да биде реновиран, а снимките делуваа шокантни за фановите.

Додека трае главната реконструкцијата на „Камп ноу“, Барселона своите мечеви како домаќин ќе ги игра на „Олимпискиот стадион“. Прогнозите се дека каталонскиот гигант во својот дом ќе се вратат во ноември 2024 година, а конечниот нов лик на „Камп ноу“ ќе биде познат во 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести