37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Навивачите на Барселона збеснаа кога ја видоа фотографијата што може да се оцени како предавство

Жоан Лапорта се врати на чело на Барселона со ветување дека ќе го задржи Лионел Меси, но претседателот на клубот него исполни дадениот збор. Меси летово си замина од „Камп Ноу“ и Барселона остана без симболот кој го имаше две децении.

Во јавноста сега се појавија шпекулации дека Барселона во следната сезона ќе носи дресови со бела боја. Белата боја е заштитен знак на дресови на нивниот најголем ривал Реал Мадрид, па навивачите на каталонскиот гигант беа бесни кога слушнаа за можната комбинација.

Засега овој дрес е само како опција, но тешко дека навивачите ќе се сложат, на дресот на нивниот омилен тим да доминира белата боја.

 

- Оглас -

Најнови вести